Барање за пренесување / наплата на побарување

Податоци за доверителот

(лицето кое има побарување)

Податоци за должникот

Спремен сум во случај на целосна и брза наплата на агенцијата да и исплатам процент од каматата % и/или % од главницата.

Побарувањето е врз основа на:

Во прилог на барањето доставувам:

За нас

Одлични сме во справувањето со Вашите неплатени побарувања. Експерти сме во полето на меѓународно управување со побарувања: наплата, откуп на побарувања и целосно преземање на деловниот процес. Со приспособени услуги за B2B и B2C. Создаваме взаемно корисни решенија што Ви обезбедуваат парични текови, на начин што Ви одговара Вам и на вашите клиенти. Бидејќи знаеме дека денешните должници се Ваши идни клиенти.

НАШИТЕ УСЛУГИ:

  • Управуваме со Вашите побарување насекаде во светот.
  • Се грижиме за Вашата финансиска иднина.
  • Создаваме взаемно корисни решенија што Ви одговараат Вам и на Вашите должници.
  • Создаваме win-win решенија кои обезбедуват непречен тек на Вашите средства.

Паметни финансиски услуги

Откуп на побарувања

Добијте ги своите пари, а ризикот оставете ни го нам.

Откупуваме побарувања и го преземаме ризикот од неплаќање по фер цена. Вие го дефинирате предметот за продажба, а нашиот испробан и тестиран алгоритам ја прави пресметката за вредноста на Вашето должничко портфолио. Ваши придобивки: моментален паричен тек, позитивно влијание врз билансот на состојбата и ослободување од товарот на неплатените побарувања. И секако, мирна совест знаејќи дека ќе се однесуваме со денешните должници како со утрешни клиенти.

Откупуваме портфолија со различен состав и статус: необезбедени или обезбедени. Наши тековни клиенти се големи банки, осигурителни друштва и други кредитодаватели.

Наплата на побарувања

Дозволете да ги заштедиме Вашето време и пари.

Доверувањето на одговорноста за наплатата на побарувања на EOS Ви заштедува време и енергија и Ви дава мирна совест. Ние стапуваме во контакт со клиентите што не плаќаат, B2B и B2C, преку сите достапни канали. Се служиме со тактичност и професионалност во сите ситуации за да одржиме позитивни односи со вашите клиенти, а користиме правни средства само како последна мерка.

Меѓународна наплата на побарувањата

Работиме преку граници, но како да не постојат граници.

Различни јазици, правни системи и обичаи: тоа е она што ја прави меѓународната наплата на побарувања предизвик. Ние ја олеснуваме за Вас. EOS работи преку граници, но како да не постојат граници.

Може да Ви помогнеме со нашето меѓународно (Cross-Border) решение. Нашата ИТ платформа оптимизира глобални процеси со регулирање на автоматизирана размена на случаи помеѓу партнери ширум светот. Платформата овозможува директна, транспарентна и навремена комуникација во 180 земји низ светот.

Корисници

Сте купиле нешто од некоја компанија или сте зеле заем и не сте ја платиле сметката. Можеби едноставно сте заборавиле. Сега таа компанија побарала наша помош. Затоа нашето име е на писмото. Но, во нашето писмо ќе го најдете и името на првобитниот доверител. Само погледнете во писмото. Што следува сега? Ќе Ви помогнеме да го платите задолжувањето. Сѐ што треба да направите е да стапите во контакт со нас. Заедно ќе најдеме решение што одговара и на двете страни. Нашата цел е свет без долгови. Ние би сакале да Ве ослободиме од Вашите долгови. Драго ни е да Ви помогнеме. Само стапете во контакт со нас.

Контакт

+44 20 8144 6917

+389 75 400 600

contact@richardsgroup.uk

UK, London, 57 Quigley Bridge

The Richards Group is a federally registered service mark of The Richards Group, Inc. © 2018 The Richards Group